петок, 24 април 2026

На милиони луѓе во Сирија и Ирак им се заканува недостиг од вода и храна

Објавено на

часот

Сподели

За двете соседни земји, погодени од долгогодишни војни и лошо водење, неопходни се брзи акции во борбата против сериозниот недостиг од вода, соопштија меѓународните хуманитарни организации, пренесува Асошиејтед прес.

Сушата го попречува и снабдувањето со електрична енергија, бидејќи ниското ниво на водата влијае врз браните, што за возврат влијае врз основната инфраструктура.

Помалку од 12 милиони луѓе во двете земји се погодени, вклучувајќи 5 милиони луѓе во Сирија кои директно зависат од реката Еуфрат.

Во Ирак неможноста за пристап до вода од Еуфрат и Тигар загрозува најмалку 7 милиони луѓе. Околу 400 квадратни километри земјоделско земјиште е погодено од суша.

Сериозен недостиг од вода го погоди и Либан, кој е во најголемата економска и финансиска криза во својата модерна историја, каде се загрозени 4 милиони луѓе. УНИЦЕФ повика на итно обновување на снабдувањето со електрична енергија за да може да функционира водоводот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ