вторник, 21 април 2026

На годишнината од Договорот, Ким и Си најавија зајакнување на соработката

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на Северна Кореја и Кина, Ким Џонг Ун и Си Џинпинг, денеска разменија пораки по повод 60-годишнината од Договорот за пријателство, соработка и заемна помош меѓу двете земји, јави севернокорејската агенција КЦНА.

Тие ветија дека ќе ја интензивираат соработката, пренесе Ројтерс.

Во пораката до Си, Ким рече дека соработката е клучна во борбата против непријателствата на странските сили.

Кинескиот претседател вети дека ќе ја подигне соработката „на ново ниво“.

Договорот за пријателство беше потпишан на 11 јули 1961 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ