Таа на конференција за медиумите кажа дека НАТО всушност намерно ја дестабилизира ситуацијата долж руските граници и ја зголемува опасност од оружени инциденти и како пример ги наведе неодамнешните инциденти со британскиот разурнувач Дифендер и холандската фрегата во Црното Море.
Захарова истакна дека, спротивно на тврдењата на холандската страна, руските авиони за време на инцидентот извеле летови строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.
„Не станува збор за какво било кршење на правото на слободно пловење или создавање опасна ситуација“, истакна руската функционерка.
[video:https://youtu.be/5hMeL6OODkk autoplay:0]Фрегатата на холандската воена морнарица Евертсен, која се наоѓала во неутрални води, на 24 јуни го сменила правецот и се упатила кон Керченскиот теснец, а за да спречи нејзино влегување во руските територијални води полетале ловци Су-30 и бомбардери Су-24, што го приморало бродот да го смени курсот на пловење.
Ден претходно според руската страна британскиот разурнувач Дифендер влегол три километри во територијалните води и ја поминал руската граница кај ртот Фиолент на Крим, по што руски бродови испукале предупредувачки истрели, а авион Су-24 извел предупредувачко бомбардирање во насоката на движење на бродот.






