вторник, 21 април 2026

Мило Ѓукановиќ ги повика Кинезите да ја посетат Црна Гора

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсети дека благодарение на заедничката соработка се реализира највредниот инфраструктурен проект во историјата на Црна Гора – изградбата на првата делница од автопатот, која ќе заврши до крајот на ноември.

„Без оглед на географската оддалеченост и разликата во големината на нашите држави, среќни сме што една светска сила, која е и наш традиционален пријател, го почитува стратешкиот пат на Црна Гора во рамките на европските и евроатлантските интеграции. Работевме посветено, отворено, во заеднички интерес, почитувајќи ги меѓусебните одлуки и визии на патот на развојот, почитувајќи ги националните приоритети, како што прават пријателите“, рече Ѓукановиќ за Чајна медиа груп (ЧМГ).

Тој исто така потсети дека во неодамнешниот телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг меѓусебно бил потврден високиот квалитет на билатералните и личните односи, објави РТЦГ.

Ѓукановиќ рече дека искреноста во пријателството се докажува во вонредни времиња и потсети дека Кина, во такви околности, преку многу донации, особено во форма на 30 илјади вакцини „Синофарм“, ѝ испрати значителна помош на Црна Гора во борбата против пандемијата.

Тој исто така оцени дека е најзначајна соработката на државите во областа на економијата, во рамките на иницијативата Појас и пат и механизмот 17 + 1, во кој Црна Гора е активен учесник на највисоко ниво од нејзиното формирање.

„Благодарение на овие иницијативи, ние го спроведуваме највредниот инфраструктурен проект во историјата на Црна Гора, изградбата на првата делница од автопатот, која ќе биде завршена до крајот на ноември и со многу позитивно искуство во соработка со Чајна роад и Бриџ корпорејшн (ЦРБЦ) и Ексим банка“, рече Ѓукановиќ.

Тој потсети и на други важни заеднички проекти, како што се реконструкцијата на железничката пруга Белград-Бар и ветроелектраните, донацијата за реконструкција на мостот на реката Тара, како и плановите за соработка во областа на животната средина.

„Исто така, очекувам продолжување на туристичкиот сообраќај во наредниот период и ја користам можноста да ги поканам кинеските граѓани да ја посетат Црна Гора“, рече Ѓукановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ