сабота, 2 мај 2026

Меркел: Не смееме да дозволиме Авганистан да пропадне

Објавено на

часот

Сподели

Светските лидери, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, истакнаа дека помош треба да се пружа преку независните меѓународни организации, а не директно на талибанците, пренесува Би-би-си.

Меркел кажа дека никој ништо не добива ако се урне целиот монетарен или финансиски систем во Авганистан.

„Тогаш повеќе нема да може да се пружа хуманитарна помош. Нормално, никогаш не е лесно да се повлече линија, така да се изразам, но да се гледа како 40 милиони луѓе тонат во хаос бидејќи нема електрична енергија или финансиски систем, тоа не може и не смее да биде целта на меѓународната заедница“, кажа Меркел.

Канцеларката кажа и дека талибанците мора да овозможат пристап на сите тела на ОН кои доставуваат помош и ја истакна потребата да се почитуваат правата на жените и девојчињата.

Ветувања за помош на Авганистан се веќе дадени, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети милијарда евра за Авганистан и соседните земји кои ќе прифатат авганистански бегалци.

Меркел го потврди ветувањето на Германија дека ќе донира 600 милиони евра на Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ