Бренан, кој е во Каиро, рече дека агенцијата во Обединетите нации преговара со Соединетите Држави и со други земји за да им помогне да го надополнат медицинскиот материјал, пренесе АП. „Претпоставуваме дека имаме залихи за само неколку дена. Имаме 500 тони подготвени да испратиме од дистрибутивниот центар во Дубаи, но во моментов немаме начин како да ги доставиме во Авганистан“, рече Бренан.
Бренан изјави дека Соединетите Држави и други земји ги охрабриле СЗО и партнерите да бараат некои други аеродроми надвор од Кабул, каде што деновиве има голема гужва околу аеродромот поради луѓето што сакаат да го напуштат Авганистан.
Медицинската опрема, исто така, вклучува итна помош, како и основни лекови за хронични заболувања, како што е дијабетес.






