петок, 1 мај 2026

Љубљана потопена: „Ова се случува еднаш во 250 години“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Патиштата биле поплавени, како и подземните гаражи. Бројни автомобили се уништени, а луѓе заглавиле во автомобилите во надојдената вода.

Проблемот е што за многу кратко време паднало големо количество дожд. Во Љубљана паднале 88 литри на квадратен метар, што, според метеоролозите, „се случува еднаш во 250 години“.

Како што кажа метеорологот Рок Носан, на некои места за многу кратко време паднало поголемо количество дожд отколку што паѓа за два месеци.

Во Љубљана се поплавени над 500 објекти. Главно се поплавени станови на приземје, школи, градинки, индустриски објекти, магацини.

[video:https://youtu.be/BHGsc3VIYDM autoplay:0]

Бројни паркинзи, особено подземните, исто така се под вода. Со обилниот дожд дувал и силен ветар, кој туркал дрвја на улиците.

Властите соопштија дека засега нема повредени.

Метеоролозите за денес најавија помалку врнежи, а попладне и разведрување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ