Што се однесува на Хрватска, ситуацијата не е многу променета – целата земја сѐ уште е во „црвено“, само Загреб е сменет во „темноцрвена“.
Цела Словенија е во темноцрвена боја, како и балтичките земји Литванија и Естонија.
Од поголемите земји, Германија е скоро целосно во црвена боја, Франција е претежно жолта со црвени и зелени делови од земјата, а Шпанија варира од црвена во зелена, во зависност од делот на земјата. Шампионот во вакцинација во Европа, Португалија, е целата со жолта боја.
Најдобра епидемиолошка ситуација и понатаму има во Чешка, Полска и Данска, кои претежно се со зелена боја. Унгарија исто така стои добро.
Црвената боја на мапата значи 14-дневна стапка од 75-200, со удел на позитивни од повеќе од 4 проценти и областите каде што 14-дневната стапка на заразени е од 200 до 500, а во темноцрвените области 14-дневната стапка е повисока од 500.
Советодавната епидемиолошка карта на ЕЦДЦ за Европа се објавува секоја недела врз основа на 14-дневна инциденца и уделот на позитивни тестови во вкупниот број тестирани.
Updated? maps are online!
These maps aim to support the @EUCouncil recommendation on travel measures in the EU during #COVID19 pandemic.
Color-blind friendly map in the next tweet.https://t.co/CcBVx6B0o5 pic.twitter.com/fIRdtRje4A
— ECDC (@ECDC_EU) September 30, 2021






