Комисијата порача дека не треба да се вели „хејтери“, туку поттикнувачи на омраза, наместо „стори“ – приказна, или наместо „соло“ или „груп шоу“ треба да се користи терминот индивидуален и групен настап/изложба (се разбира, со француските термини за поимите).
Комисијата за збогатување на францускиот јазик, ставена под надлежност на премиерот, ѝ ги дава своите предлози на Француската академија.
Откако ќе бидат потврдени, овие предложени термини стануваат задолжителни за вработените во јавните служби и треба да ги користат сите што пишуваат на француски јазик.
Термините беа објавени во Службениот весник на Франција во петокот.
Од своето основање во 1635 година, Француската академија воведе правила за употреба на францускиот јазик. Оваа престижна институција објавува речник на француски јазик и доделува награда за литература.






