петок, 1 мај 2026

Кина: Пактот на САД, Британија и Австралија е одраз на менталитетот од Студената војна

Објавено на

часот

Сподели

Според пактот Аукус меѓу Британија, САД и Австралија, Вашингтон ќе ја сподели технологијата на своите нуклеарни подморници со Канбера.

Најавата за новото партнерство претходно месецов ја изненади Европската комисија, која објави дека за тоа претходно не е консултирана. Новиот пакт значи и дека Австралија се откажува од купувањето конвенционални подморници од Франција.

Париз го отповика својот амбасадор во САД. Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив ле Дријан го опиша Аукус како „нож во грбот“ на Франција.

Ванг истакна дека климатските промени би можеле да бидат „главниот столб за соработка“ со Европа. Европската комисија не објави веднаш сиже на разговорите.

Видео-конференцијата беше 11-та рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Пекинг и Брисел. Во понеделникот ЕУ и Кина разговараа и за животната средина.

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс на Твитер наведе дека двете страни разговарале за „климатските цели, трговијата, емисиите и постепеното укинување на јагленот“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг при неодамнешното обраќање во Генералното собрание на Обединетите нации се обврза дека неговата земја ќе престане со финансирање проекти за јаглен во странство, меѓутоа Кина и понатаму во голема мера зависи од јагленот за производство на енергија во земјата.

Разговорите се одржуваат откако и Европската комисија месецов претстави своја стратегија за Индопацифичкиот регон, додава ЦМГ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ