петок, 1 мај 2026

Ким Џонг Ун ја отфрли американската понуда за дијалог

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата политика е насочена кон постепен и практичен пристап кон сериозна и трајна дипломатија со Северна Кореја“, рече неименуван портпарол на Стејт департментот во средата навечер, наведувајќи дека САД „немаат непријателски намери“ кон Пјонгјанг.

Тој додаде дека САД се подготвени да се сретнат со севернокорејските претставници без предуслови.

Реагирајќи на изјавата на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, портпаролот изрази надеж дека Пјонгјанг ќе ја прифати понудата на Вашингтон.

Официјалната севернокорејска агенција КЦНА објави дека Ким Џонг Ун ја оценил американската понуда за дијалог како фасада зад која се кријат непријателски дејствија, наведувајќи дека тоа е продолжение на непријателската политика на претходните администрации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ