сабота, 2 мај 2026

Холандскиот премиер: Принцезата Амали нема да ја загуби круната ако биде во истополов брак

Објавено на

часот

Сподели

Седумнаесетгодишната принцеза Катарина-Амали е наследничка на престолот на кралот Вилем-Александар.

Руте одговараше на прашања од парламентарците по повод неодамна објавената книга „Амали, должноста повикува“.

Во неа се наведува дека според старите закони, холандскиот монарх не може да биде во истополов брак, иако таков брак е легален во Холандија од 2001 година.

„Владата верува дека наследничката на престолот може да се венча за личност од ист пол“, напиша Руте како одговор на парламентот.

„Затоа, кабинетот не смета дека наследничката или кралот треба да абдицираат ако тој или таа сака да се венча за партнер од ист пол“, додаде тој.

Сепак, кралските венчавки треба да бидат одобрени од семејството, а членови на кралската куќа понекогаш се откажувале од својот ред во наследувањето за да стапат во брак со некого без дозвола или затоа што мислеле дека нема да добијат одобрение за брак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ