Договорот ќе му овозможи на премиерот Марк Руте да добие четврти мандат.
Партијата ВВД од десниот центар на досегашниот претседател на владата, Д66 од левиот центар, ЦДА од десниот центар и конзервативната Христијанска унија постигнаа договор кој ќе биде претставен во парламентот во среда.
Текстот е прифатен, кажа портпаролот на Јохан Ремкес и Вутер Колмес кои ги надгледуваа преговорите, пренесува агенцијата АНП. Телевизиите НОС и РТЛ исто така објавија дека е постигнат договор.
Преговорите кои почнаа по парламентарните избори кон средината на март траеја 271 ден, што е рекорд за таа земја.
Руте, кој е премиер од октомври 2010, е во оставка од јануари поради скандалите поврзани за семејните социјални придонеси, но и понатаму ги води тековните работи на земјата.
Холанѓаните, соочени со нов бран на епидемијата кој доведе до непопуларни рестриктивни мерки сепак треба да го дочекаат почетокот на јануари за да се дознае новиот состав на владата, колку што ќе ѝ треба на коалицијата да ги распредели министерствата, пренесува Франс прес.






