сабота, 2 мај 2026

Грција и Египет ќе ги поврзат своите електроенергетски системи: „И ЕУ ќе профитира“

Објавено на

часот

Сподели

Грчкиот министер за енергетика Костас Скрекас и неговиот египетски колега Мохамед Шакер потпишаа меморандум за поврзување во четвртокот на церемонија во Атина.

Интерконекцискиот кабел ќе биде камен темелник на новиот енергетски коридор во источeн Медитеран и ќе ја подобри безбедноста во снабдувањето со енергија во регионот, рече грчкиот министер.

„Интерконекцијата ќе биде од корист и за Грција, и за Египет и за Европската унија“, рече Скрекас.

„Електричната интерконекција меѓу Египет и Грција ќе обезбеди добро поврзана мрежа во цел источен Медитеран“, изјави неговиот египетски колега и додаде дека ќе го забрза процесот на зголемување на учеството на зелената енергија во енергетската мешавина на Европската унија.

Грчко-египетскиот меморандум предвидува формирање работна група од високи претставници, претставници на операторите на електроенергетскиот систем и енергетските регулатори.

Групата ќе ги разгледа достапните ресурси и опции за финансирање на проектот и ќе координира навремено издавање дозволи и решенија, и физибилити студија доколку е потребно, рече грчкиот министер.

Во проектот ќе учествува и Кипар, кој во сабота ќе потпише сличен меморандум со Египет.

Грција и Кипар веќе започнаа сличен проект со Израел, најавувајќи изградба на евроазиска интерконекција во Средоземното Море со поставување на најдолгиот подводен кабел во светот на најголема длабочина. Проектот треба да чини околу 900 милиони долари.

Грција и Египет со новиот проект дополнително ќе ги зајакнат врските, откако минатата година потпишаа договор за поморските граници, со кој се регулираат правата на природните ресурси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ