четврток, 23 април 2026

Голема измама: Речиси 9.000 луѓе во Германија вакцинирани со физиолошки раствор

Објавено на

часот

Сподели

Полициската истрага утврдила дека медицинската сестра која работела за Црвениот крст им давала солен раствор на лицата кои сакале да се вакцинираат во местото Фрисланд, рурална заедница во близина на брегот на Северното Море.

„Тотално сум шокиран од оваа епизода“, напиша на Фејсбук локалниот функционер Свен Амбрози.

По откритието, властите испратиле повик за повторна вакцинација на повеќе од 8.600 луѓе, кои се можеби оштетени.

Физиолошкиот раствор не е опасен по здравјето, но повеќето од оние кои се измамени за време на вакцинирањето во март и април се постари луѓе изложени на зголемен ризик од ковид-19.

Полицискиот инспектор Петер Бер кажа на прес-конференција дека врз основа на исказите на сведоците може да се заклучи дека постои „основан сомнеж за опасност“.

Мотивот на осомничената сестра и понатаму не им е јасен на надлежните, но познато е дека таа на своите профили на социјалните мрежи изразувала ставови со скепса кон ефикасноста на вакцините.

Сè уште не е јасно дали сестрата е уапсена, или против неа само е отворена кривична постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ