сабота, 2 мај 2026

Главниот телохранител на авганистанскиот претседател го бараат сите талибанци

Објавено на

часот

Сподели

Имено, поранешниот телохранител на претседателот во овој момент е најбараното лице во Авганистан, градовите се излепени со фотографии од неговиот лик, а талибанците дури нудат награда за каква било информација за него. Шарифи се крие во еден подрум и сè уште се надева дека некој ќе го спаси. Во тој случај, би ги објавил спорните снимки.

„Имам снимка на која се гледа дека службеник на авганистанската банка му донел многу пари на Гани пред да замине“, тврди Шарифи во ексклузивно интервју за британски таблоиди на тајна локација во Авганистан.

Додава дека во вреќите имало „стотици милиони, можеби и милијарди долари“. Истакна дека имало многу големи вреќи и дека биле тешки.

Генералот Шарифи кажал дека никогаш не мислел дека претседателот ќе избега од земјата. Тврди дека ќе ги објави доказите кога ќе биде „на безбедно“. Шарифи на 16 август се обидел да дојде до аеродромот, но не успеал. Од тогаш тој и неговото пошироко семејство од дури 14 члена, вклучувајќи ја сопругата со факултетско образование и три деца, се во бегство. Иако му бил главен телохранител, Гани никогаш не му кажал дека ќе избега.

Шарифи признал дека има пиштол со еден куршум.

„Ако талибанците дојдат тука ќе се убијам“, кажал тој.

Потерниците за Шерифи ги има на талибанските контролни пунктови низ Кабул, а на нив има негова фотографија и текст: „Ова е генералот Пираз Шарифи, познат по прекарот „Ата““.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ