петок, 1 мај 2026

Етиопија протерува седум службеници на ОН

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу нив има пет службеници од хуманитарната агенција на ОН, еден од Канцеларијата на ОН за човекови права и претставник на УНИЦЕФ во земјата. Во соопштението не се наведуваат детали за нивното наводно мешање.

Најавата за протерување на службениците на ОН доаѓа во услови на зголемен притисок врз владата на Етиопија поради нејзината смртоносна блокада на регионот Тиграј.

Портпаролот на хуманитарната агенција на ОН не реагираше на соопштението на етиопското министерство, ниту пак портпаролката на премиерот на Етиопија.

Милиони луѓе во Тиграј се потпираат на хуманитарна помош за да преживеат, но хуманитарните работници ги обвинуваат владините сили дека намерно ги попречуваат испораките на помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ