Авионите утрово не можеа ни да полетуваат ни да слетуваат, рекоа на аеродромот.
Етна еруптира неколку пати во последните неколку недели, но информациите за голема штета или за повредени се ретки.
Повремено паѓа пепел и пукаат прозорски стакла од татнежот на вулканот за време на ерупциите.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=8We0pCavNas autoplay:0]Етна, висока 3.300 метри, во последните денови исфрла лава и пепел, претежно од нејзиниот југоисточен кратер, според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Институтот забележа и повремени ерупции на североисточната страна.
Вулканот исфрлал пепел и до пет до 10 километри во висина, се вели во извештајот на ИНГВ.






