вторник, 21 април 2026

Екстремниот топлински бран во Канада буквално ги сварил школките во морето (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Крис Харли, морски биолог од универзитетот на Британска Колумбија, намирисал смрдеа на плажата Китсилано во Ванкувер.

За канадски Си-би-си кажал дека бил вџашен од тоа што го затекнал.

Британска Колумбија ја погодија рекордно високи температури, а највисоката температура беше измерена на 29 јуни – изнесуваше 49,6 Целзиусови степени.

Не е јасно кога угинале школките. Харли кажал дека повеќето настрадани видови можат да поднесат температури до 30 Целзиусови степени.

Угинувањето на овие животни привремено ќе влијае врз квалитетот на водата во таа област. Имено, некои школки го филтрираат морето, кажал Харли.

[video:https://youtu.be/m4k66aCMBdU autoplay:0]

Исто така, тој вели дека повеќе од милијарда мали крајбрежни животни што живеат крај погодениот брег на Салишко Море, море на работ на Тихи Океан, можеле да умрат.

Температурите во Канада биле толку екстремни што шумските пожари создале пирокумулунимбуси, облаци што можат да генерираат торнада и молњи и да предизвикуваат пожари.

Ова не е првпат топлински бран да предизвика ваква ситуација. Во Бодега Хед, залив на калифорнискиот брег, топлински бран во 2019 го предизвика најголемиот помор на школки во историјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ