Како што се наведува, едно лице во просек годишно фрла по 83 килограми храна.
Наведено е дека не само што домаќинствата фрлаат големи количества храна, туку тоа го прават и продавниците и угостителските објекти.
„Затоа сè поголем број држави законски ги обврзуваат продавниците и угостителските објекти да не ја фрлаат храната, туку да ја донираат на оние на кои им е потребна. Во Црна Гора нема таков закон“, се наведува во соопштението по повод Меѓународниот ден на кревањето на свеста за фрлањето храна.
Претседателката на фондацијата Банка за храна Марина Медојевиќ смета дека мора да се работи на едукацијата на луѓето да не ја фрлаат храната, порационално да купуваат и соодветно да ја чуваат храната.
„Најлошо што може да направат е да ја фрлаат храната. Големиот број луѓе кои ги посетуваат контејнерите кажува дека освен што се луѓето гладни, дека нема соодветна социјална политика и дека храната се фрла“, кажа таа.
Според неа, се очекува бројот на гладните да порасне во следниот период поради пандемијата.
„Со намалувањето на фрлањето храна се намалуваат и емисиите на штетни гасови, се забавува уништувањето на природата со пренамена на земјиштето и загадувањето. Во исто време позитивно се влијае и на достапноста на храната, со што се намалува бројот на гладните и се поттикнува штедењето во доба на глобална рецесија“, кажа Медојевиќ.






