петок, 1 мај 2026

„Чудотворен лек“ против корона уби 9 луѓе – тие дури и не знаеле што пијат

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку девет лица починале за време на тестирање во ланецот болници „Превент сениор“ од март до април 2020 година, но извештаите биле сменети за да се прикрие причината за смртта, рече адвокатката Бруна Морато за време на распитот пред Сенатот, пренесе Ројтерс.

Од „Превент сениор“ не одговориле на барањето за коментар на Ројтерс.

Сопственикот и извршен директор на болничкиот ланец Педро Батиста минатата недела за време на неговото сведочење пред Сенатот призна дека извештаите на пациентите биле променети со цел да се отстрани секаква поврзаност со ковид откако биле хоспитализирани барем две недели, со објаснување дека тие веќе не се заразни.

Тој негираше дека имало тестирање со непроверени лекови на пациенти без нивно знаење, велејќи дека докторите им ги препишале кога тие ги побарале.

„Лекарот е тој што го препишува лекот, и во тоа време, сите се сеќаваат на коментарите на претседателот Болсонаро и други влијателни луѓе, така што имаше многу пациенти кои бараа рецепти“, рече Батиста.

Морато, која застапува 12 доктори вработени во „Превент сениор“, рече дека компанијата им се заканувала и отпуштала доктори кои не се согласуваат со однапред одредената „ковид опрема“, која содржи хидроксихлорокин, еритромицин и ивермектин. Нема научни докази дека овие лекови помагаат во лекувањето на ковид, додаде таа.

„На многу ранливи, постари пациенти им беше кажано дека постои добар начин на лекување, но тие не знаеја дека се заморчиња“, нагласи Морато.

Таа рече дека на докторите им било сугерирано да не им го објаснуваат начинот на лекување на пациентите или на нивните роднини.

„Целта беше да се покаже дека постои ефикасен третман против ковид“, рече таа. Таа тврди дека болницата сакала да ѝ помогне на владата на Болсонаро, која сакала непроверени лекови да ги претстави како ефикасен начин за борба против ковид, што ќе ги заштити Бразилците од инфекција доколку се вратат на работа. Министерството за здравство не одговори на барањето за коментар и нејасно е колку владата знаела за наводните тестирања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ