„Фактот што вакцините не го сопреа ширењето на вирусот значи дека можноста за достигнување на прагот за создавање имунитет на стадо била само мит“, кажа тој, а пренесува Гардијан.
Истакна дека фактот што вакцините не го сопреа ширењето на короната значи дека не е достигнат прагот за создавање имунитет на стадо.
„Проблемот со овој вирус е тоа што тоа не сипаници. Ако 95 отсто од луѓето се вакцинирани против сипаници, вирусот не може да се пренесе во популацијата“, кажа Полард.
„Вакцинираните и понатаму ќе се заразуваат со делта сојот, а тоа значи дека секој кој сè уште не е вакциниран кога тогаш ќе дојде во контакт со вирусот. Засега немаме ништо што целосно би го сопрело ширењето на вирусот“, додаде тој.
Актуелните вакцини се многу ефикасни во превенцијата на потешките облици на болеста или смрт од ковид-19, но целосно не ја сопираат можноста од зараза.
Сè почесто во последно време се спомнува и довакцинирање со трета доза. Полард откри кога тоа би можело да се случи.
„Ако се зголеми бројот на хоспитализации, тогаш тоа ќе биде времето за довакцинирање или во фазата по таа во која ќе се зголеми бројот на починати меѓу вакцинираните. А тоа сега не е случајот. Нема причина за паника во овој момент“, кажа тој.






