петок, 24 април 2026

Британски министер: Нема сите да се извлечат од Кабул

Објавено на

часот

Сподели

„Во последните 24 часа извлековме 2.000 луѓе, односно 10.000 од април. Фокусирани сме на тоа да извлечеме што повеќе луѓе“, кажа Волис.

„Но нивото на предизвикот е такво што нема да можеме да ги извлечеме сите. Мораме безмилосно да воведуваме приоритети“, додаде.

„Сакаме да останеме и по 31 август ако е тоа можно. Но, оние кои одлучуваат за тоа се САД и талибанците“, кажа Волис.

„Талибанците можам многу да ни го загорчат животот. Сè ќе зависи од договорот на Американците и талибанците. Ако Америка донесе одлука да не останат по 31 август, и ние ќе заминеме тој ден“, заклучи британскиот министер.

Волис одговори и на критиките дека Британија би можела да испрати уште војници за барем привремено да го задржи и заштити аеродромот во Кабул.

„Да, би можеле да испратиме наши бригади кои би го контролирале аеродромот, но тука не станува збор за силата и големината на нашите оружени сили. Тука станува збор за тоа дали меѓународната заедница сака повторно да се вклучи во оружена борба“, кажа Волис.

„Можеме да испратиме илјадници војници и да го обезбедиме аеродромот. Но со која цел? Некој да пука во нив? Мислам дека тоа не е решение“, кажа министерот.

[video:https://youtu.be/NHtEzoaZWmc autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ