На новинарите во Брисел главниот преговарач на Приштина Бесник Бисљими им кажа дека договор е постигнат во три точки.
Првата точка предвидува на административните премини повеќе да не се одземаат табличките, ниту да се издаваат пробни таблички, и таа мерка треба да почне да се применува во понеделник.
Втората точка предвидува формирање работни групи за трајно решавање на прашањето на слободата на движење.
Третата точка предвидува повлекување на специјалните единици на косовската полиција РОСУ, за на нивно место да дојде КФОР. Приштина повлекувањето на специјалците го условува со отстранување на барикадите кои ги поставија косовските Срби.
Наведе и дека српската страна инсистира на тоа табличките на косовските Срби да останат во употреба, а дека приштинската страна е против тоа.
Во тек е состанок на српската делегација со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак.
Делегациите на Белград и Приштина денес во Брисел во ниеден момент не биле на иста преговарачка маса, туку имале билатерални средби со Лајчак, со кој се договарале за деталите на договорот.






