вторник, 21 април 2026

Америка е загрижена затоа што талибанците ја преземаат контролата над Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

„Време е авганистанските владини сили да вложат дополнителен напор и да ја бранат својата земја. Ова е момент за одговорност“, рече Кирби.

Речиси две децении САД го снабдуваа Авганистан со оружје и опрема во вредност од милијарди долари со цел самостојно да се брани, но сега е сè понеизвесно кој ќе ја преземе контролата по повлекувањето на Американците, според Гласот на Америка.

Талибанците тврдат дека веќе контролираат 85 проценти од територијата, но владата во Кабул ги оспорува овие тврдења.

Кирби, меѓутоа, не ја оспори процената на Фокс њуз дека 13 милиони Авганистанци живеат под контрола на талибанците, 10 милиони под власта на авганистанската влада и дури девет милиони во конфликтните региони.

Минатата недела, претседателот Бајден одлучно ја бранеше одлуката за повлекување, и покрај напредувањето на талибанците.

„Не отидовме во Авганистан за да градиме нација. Право и обврска на авганистанскиот народ е сам да одлучи каква иднина сака“, рече Бајден од Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ