вторник, 21 април 2026

99% од починатите од вирусот во САД се невакцинирани лица

Објавено на

часот

Сподели

Д-р Ентони Фаучи рече дека „навистина е тажно и трагично што повеќето од нив можеле да се избегнат и да се спречат“.

Тој за Ен-би-си рече дека е фрустрирачко „кога имате опасен непријател“ во коронавирусот, а „сепак имаме противмерка што е многу, многу ефикасна. И тоа е причината поради која е уште потажно и уште потрагично зошто тоа не се спроведува целосно во оваа земја“.

Фаучи ги наведе причините зошто некои Американци се противат на вакцините, без разлика дали се „идеолошки“ или некои „се само фундаментално антиваксерски или антинаучни“.

Тој рече дека земјата ги „има алатките за спротивставување“ на пандемијата и ги замоли луѓето „да ги заборават сите тие разлики и да сфатат дека заедничкиот непријател е вирусот“.

Фаучи забележа дека Соединетите Држави се „многу среќни“ што имаат „доволно вакцини за да ги вакцинираат комплетно сите во земјата. А има луѓе низ целиот свет што би сториле сè за да добијат вакцини“.

Соединетите Држави регистрираа над 605.000 смртни случаи во пандемијата, што е највисока национална бројка во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ