вторник, 21 април 2026

90-годишна жена од Белгија почина откако била заразена со два соја корона, не била вакцинирана

Објавено на

часот

Сподели

Имено, 90-годишната жена се заразила и со алфа и со бета-сојот. Почина во март 2021 година во Белгија и не беше вакцинирана.

Лекарите се сомневаат дека таа била заразена од две различни лица. Се верува дека ова е прв ваков документиран случај (алфа и бета-сој) и, иако ваквите појави се ретки, се јавуваат двојни инфекции.

За нејзиниот случај ќе се дискутира на овогодинешниот Европски конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести.

„Двете варијанти циркулираа во Белгија во тоа време, па веројатно е дека дамата е заразена од два различни извори. За жал, не знаеме како конкретно се заразила. Живееше сама и имаше помошници што се грижеа за неа. Тешко е да се каже дали двојната инфекција имала улога во брзото влошување на состојбата на пациентот“, рече научникот д-р Ана Ванкерберген од болницата ОЛВ во Алст, Белгија.

Во јануари годинава бразилските научници открија дека две лица биле заразени со два соја истовремено, од кои едниот бил гама-сојот.

Во меѓувреме, португалските научници открија втор сој на коронавирусот кај 17-годишно момче додека сѐ уште се опоравувало од заразата со првиот сој.

Вирусите постојано се развиваат со мутација додека се реплицираат, создавајќи нови соеви.

Научниците развиваат нови вакцини, кои ќе бидат поефикасни со новите верзии на вирусот, а тие може да се користат и како засилување за веќе примените вакцини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ