понеделник, 23 јуни 2025

Велика Британија вети дека ќе ѝ испорача 100.000 беспилотни летала на Украина

Велика Британија во понеделник вети дека ќе ѝ испорача 100.000 беспилотни летала на Украина до крајот на тековната фискална година во април 2026 година, што претставува десеткратно зголемување во однос на претходните години, откако беше истакнато дека беспилотните летала го промениле начинот на кој се води војна, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата во понеделник го поддржа независно изработениот Стратешки одбранбен преглед, кој повикува на посилна, технолошки понапредна војска за одговор на новите закани, вклучително и можна руска агресија.

Велика Британија, најсилен западен сојузник на Украина, планира да учи од борбите на Киев против руската инвазија кои траат повеќе од три години, а за време на кои беспилотните летала значително ја променија ситуацијата на бојното поле. Пакетот беспилотни летала е вреден 416 милиони евра и е дел од поширока програма за воена помош на Украина вредна 5,4 милијарди евра.

Министерот за одбрана Џон Хили ќе ја објави оваа одлука на состанокот на Контакт-групата за одбрана на Украина во Брисел, на кој учествуваат претставници од 50 земји, а кој е ко-организиран од Обединетото Кралство и Германија.

„Велика Британија ја засилува својата поддршка за Украина со испорака на стотици илјади дополнителни беспилотни летала оваа година и со завршување на важна испорака на клучна артилериска муниција“, рече Хили пред состанокот.

Покрај испораката на беспилотни летала, Велика Британија објави дека од јануари испорачала 140.000 артилериски гранати во Украина и дека ќе издвои дополнителни 294 милиони евра оваа година за обука на украинските војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ