„Граничните чувари ги проверувале документите на патниците кога еден од нив извадил експлозивна направа на перонот, која потоа експлодирала“, соопшти украинската полиција. Загинаа 23-годишен маж и три жени.
Според властите, тој 23-годишник неодамна се обидел нелегално да ја напушти земјата. Украинските медиуми известиле дека станува збор за граната.
Инцидентот се случи на железничката станица во Овруч, град во областaта Житомир, кој се наоѓа недалеку од границата со Белорусија. Засега украинските власти не дадоа дополнителни информации за овој инцидент.
По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, мажите на возраст од 18 до 60 години имаа забрана за напуштање на земјата, освен за исклучоци, во рамките на воена состојба.
Илјадници од нив се обидоа нелегално да избегаат од земјата, понекогаш ставајќи ги своите животи во опасност, за да избегнат мобилизација од страна на армијата.
Кон крајот на август, украинските власти им дозволија на мажите на возраст од 18 до 22 години да патуваат во странство. Тие не се засегнати од воената мобилизација, за која минималната возраст беше намалена на 25 години во април 2024 година.






