вторник, 17 јуни 2025

Турција: Ги развивме првите дронови во историјата што полетуваат и слетуваат автономно

Најновиот турски борбен дрон од домашно производство, Бајрактар TБ3, помина уште една важна фаза на тестирање на носачот на авиони ТЦГ Анадолу, надминувајќи 100 успешни летови, објавија турските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според денешното соопштение објавено од Бајкар, тестовите на Бајрактар TБ3, првиот беспилотен борбен дрон во историјата кој може целосно автономно да полета и да слета на брод со кратка писта успешно се спроведени на ТЦГ Анадолу.

За време на најновите тестови, кои беа спроведени помеѓу 28 мај и 2 јуни, беше проверена и можноста за целосно автоматско полетување и слетување со поддршка на визуелна вештачка интелигенција (ВИ).

Успешно се тестирани и клучните способности како што се визуелно следење линија, детекција на носач на авиони, препознавање писта и проценка на аголот на слетување со помош на компјутерски вид.

Со најновите тестови, Бајрактар TБ3 го надмина прагот од 100 летови и достигна 101 борбен лет. За време на своите мисии на бродот, националниот дрон помина вкупно 1167 часа и 8 минути во воздух.

Вкупниот број на летови во рамките на целата тест програма достигна 709. За време на продолжениот лет на 20 декември 2023 година, леталото непрекинато летало 32 часа и поминало растојание од 5700 километри. Бајрактар TБ3 за прв пат полета од ТЦГ Анадолу на 19 ноември 2023 година, одбележувајќи пресвртница во историјата на светската авијација.

Помеѓу 25 и 27 март 2024 година, беспилотниот борбен дрон дополнително ги потврди своите способности со прецизно погодување поморски цели со суперсонична ракета УАВ-122, произведена од Рокестан. Во овој тест, Бајрактар TБ2 изврши ласерско одредување на целта од воздух, демонстрирајќи успешна координација на два различни борбени дрона во заеднички ангажман на целта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ