сабота, 19 април 2025

Трамп размислува за привремено изземање на автомобилската индустрија од царините

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп кажа дека привремено би можел да ја изземе автомобилската индустрија од царините кои претходно ги наметна за тој сектор, за на произведувачите на автомобили да им даде време да ги прилагодат своите ланци на снабдување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Барам начин да им помогнам на некои автомобилски компании во тоа“, кажа Трамп и додаде дека на произведувачите на автомобили им е потребно време да го преместат производството од Канада, Мексико и други држави.

Соопштението навести уште една рунда поништување на царините бидејќи нападот на Трамп со увозни такси ги наруши финансиските пазари и предизвика длабока загриженост на економистите поради можна рецесија.

Кога Трамп ги најави царините на автомобилите од 25 отсто на 27 март, тој ги опиша како „трајни“.

Минатата недела, откако распродажбата на обврзници ги крена каматните стапки на американскиот долг, Трамп најави дека на 90 дена царините за десетици земји ќе бидат поставени на основните 10 отсто за да се даде време за преговори.

Истовремено, Трамп ги крена царините за Кина на 145 отсто, само за привремено да ја изземе електронската индустрија од некои царини така што таа стока ја наплаќаше по стапка од 20 отсто.

„Не го менувам мислењето, но сум флексибилен“, кажа Трамп.

Неговата флексибилност исто така поттикна чувство на неизвесност и конфузија во врска со неговите намери и крајни цели.

Администрацијата на Трамп се обиде да сугерира дека нејзините царини ја изолирале Кина.

Но Кина исто така настојува да изгради поцврсти односи во Азија со земјите погодени од царините на Трамп.

Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна во Ханој со генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам То Лам со порака дека никој не победува во трговските војни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ