Самитот на НАТО ќе се одржи во Хаг во Холандија на 24 и 25 јуни.
Трамп од почетокот на својот втор мандат не престанува да бара од членките на западниот воен пакт сериозно да ги зголемат трошоците за одбрана.
Американскиот претседател има долгогодишен напнат однос кон НАТО. За време на својот прв претседателски мандат тој повеќе пати го критикуваше сојузот, тврдејќи дека членките не го плаќаат „својот фер удел“ во одбраната и се закани дека Соединетите Американски Држави ќе излезат од НАТО ако сојузниците не ги зголемат воените трошоци.
Во февруари 2024, како актуелен претседателски кандидат, тој повторно предизвика контроверзии со изјавата дека не би ги бранел членките на НАТО кои не ги исполнуваат финансиските обврски, туку дека дури „би ја охрабрил Русија да прави што сака“. Тие изјави предизвикаа паника меѓу европските сојузници и ја доведоа во прашање долгорочната безбедноста посветеност на САД на воениот пакт. Тој оваа година кажа дека уделот на издвојувањата за одбрана би требало да биде 5 отсто од БДП по членка.