петок, 14 ноември 2025

Трамп го укина еколошкото правило од времето на Бајден: „Бакарната индустрија е стратешка“

Претседателот на САД Доналд Трамп синоќа го укина правилото од времето на администрацијата на Џо Бајден со кое се наметнуваа построги ограничувања на емисиите од топилниците за бакар, тврдејќи дека тоа ќе ја зајакне домашната индустрија и ќе обезбеди снабдување со клучни минерали.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Правилото, донесено во мај 2024 година, бара намалување на емисиите на олово, арсен, жива, бензен и диоксини за да се исполнат ажурираните федерални стандарди за квалитет на воздухот.

Прогласот на Трамп им даде на засегнатите објекти двегодишно ослободување од почитување на тие барања, а Белата куќа соопшти дека мерката ќе ја зголеми безбедноста на снабдувањето со минерали на Соединетите Американски Држави со намалување на регулаторното оптоварување врз домашните производители.

„Наметнувањето на овие барања на толку ограничена и веќе оптоварена домашна индустрија би можело да ги забрза понатамошните затворања, да ја ослабне индустриската база на земјата, да ја поткопа независноста во снабдувањето со минерали и да ја зголеми зависноста од обработка контролирана од странство“, се вели во соопштението.

Прогласот се однесува на фактот дека во САД работат само две топилници за бакар, управувани од Фрипорт-Мекморан и Рио Тинто. Компаниите сè уште не ја коментираа одлуката.

Порано оваа година, Трамп потпиша извршна наредба со која бакарот се означува како стратешки материјал за потребите на одбраната, инфраструктурата и развојот на нови технологии, вклучувајќи обновлива енергија и електрични возила.

Следеше истрага според Законот за трговија за да се процени дали увозот на бакар ја загрозува националната безбедност, особено поради зависноста од ограничен број странски добавувачи. Врз основа на наодите, беше воведена царина од 50 проценти за одредени категории увезен бакар и беше утврдено дека сè поголем дел од висококвалитетниот отпад од бакар произведен во САД мора да се пласира на домашниот пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ