„Русија не претставува закана за Обединетото Кралство и неговите граѓани. Немаме планови да ја нападнеме Британија – ниту сме заинтересирани, ниту ни е потребно тоа“, се вели во соопштението на амбасадата, во кое се критикуваат изјавите на британските претставници како „нов бран антируска реторика“.
❗️ Russia poses no threat to the United Kingdom and its people.
We harbour no aggressive intentions and have no plans to attack Britain.
☝️ We are not interested in doing so, nor do we need to.https://t.co/P499OkpJnK pic.twitter.com/Sd5uSsXWON
— Russian Embassy, UK (@RussianEmbassy) June 3, 2025
Реакцијата доаѓа еден ден откако британскиот министер за одбрана Џон Хили ги претстави резултатите од новиот Стратегиски одбранбен преглед, кој повикува на радикална промена во одбранбената политика за одговор на заканите пред сѐ од Русија. Хели изјави дека Европа се соочува со војна, зголемена руска агресија, нови нуклеарни ризици и секојдневни сајбер напади.
Британскиот премиер Кир Стармер вчера изјави дека Обединетото Кралство „влегува во состојба на воена готовност“ и дека ќе стори сè што е потребно за да се осигури дека земјата е подготвена за нови безбедносни предизвици. „Не можеме да го игнорираме она што се случува во светот – ние сме во опасни времиња“, рече Стармер, нагласувајќи дека одбраната ќе стане централна точка на владината политика.
Новиот одбранбен пристап вклучува, меѓу другото, зголемени инвестиции во одбраната, зајакнат капацитет за брзо распоредување на силите и поголема отпорност на сајбер закани. Премиерот најави дека Велика Британија ќе ги предводи европските сојузници во соочувањето со руската закана.
Москва, пак, тврди дека сето тоа е неосновано и се користи за „создавање психоза“ кај британската јавност. „Загрижени сме за влошувањето на политичката клима и порастот на милитаристичката реторика во британската влада“, соопшти руската амбасада.