понеделник, 17 ноември 2025

На Трамп му беа понудени три опции за санкции кон Русија (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела воведе нов пакет санкции против Русија, избирајќи „средна опција“ насочена кон рускиот енергетски сектор. Опциите за санкции, од најблаги до најсилни, се подготвуваа долго време, пренесува Волстрит џурнал.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според неименувани функционери, пред неколку месеци биле развиени три различни пакети санкции за да се подготви администрацијата во случај Трамп да одлучи да преземе построги мерки.

Најсилниот пакет вклучуваше сеопфатни економски мерки и директни санкции против руското раководство. Најблагиот пакет предвидуваше ограничени чекори, додека средниот, за кој Трамп на крајот се одлучи, беше насочен кон руските енергетски ресурси, вклучувајќи санкции против Роснефт, Лукоил и нивните подружници.

Одлуката беше донесена во среда, на 22 октомври, кога Трамп се сретна со министерот за финансии Скот Бесент и му наложи да подготви санкции за руската нафта. Потоа побара мислење од своите највисоки советници, неговиот шеф за надворешна политика Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет ја поддржаа неговата одлука.

Извори од администрацијата наведуваат дека Трамп го изгубил трпението поради неуспехот на Кремљ да покаже подготвеност за мировни преговори, додека истовремено пристигнуваа нови снимки од уништувања во Украина предизвикани од руските напади.

Иако тој јавно не коментираше за нив, официјалните лица тврдат дека сликите го иритирале. Неговата фрустрација наводно пораснала откако успешно посредувал во постигнувањето договор меѓу Израел и Хамас, додека Путин инсистирал на своите максималистички барања.

Трамп подоцна изјави дека „чувствува дека дошло време“ за санкции бидејќи неговите разговори со Путин „не водат никаде“.

Администрацијата на Трамп верува дека новите санкции би можеле значително да влијаат врз руската финансиска состојба, која веќе е оптоварена со економски проблеми и силно зависи од извозот на енергенси. По објавувањето на санкциите, индиските рафинерии наводно почнале да ги преиспитуваат своите добавувачи, а некои кинески компании привремено ја запреле купувачката на руска нафта.

Засега нема најави дали Трамп ќе разгледа дополнителни, уште построги санкции ако овој потег не ја принуди Русија конечно да седне на преговарачка маса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ