„Наместо да од одговори на нашите конструктивни предлози во Истанбул, руската страна претстави низа веќе познати ултиматуми кои не ја водат ситуацијата кон вистински мир“, кажа шефот на украинската дипломатија Андреј Сибига.
Русија бара од Украина да ги повлече своите трупи од четирите региони кои Москва ги анектираше пред какво било општо примирје, според рускиот меморандум предаден на Киев, кој го објавија руските новински агенции.
Според тој документ, во предлогот до Украина за време на директните преговори на двете страни во Истанбул во понеделникот, Москва бара целосно повлекување на украинската војска од областите Доњецк и Луганск на истокот и Запорожје и Херсон на југот на земјата, „пред воспоставување триесетдневно примирје“.