„Било какво учество на парадата на 9 мај во Москва нема да биде лесно сфатено во Европската Унија, имајќи предвид дека Русија води војна во Европа“, кажа Калас на конференција за новинарите во Луксембург.
Според неа, повеќе европски министри за надворешни работи го делат нејзиниот став. Калас особено истакна дека „не сака ниедна од земјите кандидати да учествува на настаните на 9 мај во Москва“.
Своето учество на парадата во Москва веќе го најавија српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик како и словачкиот премиер Роберт Фицо.
Истовремено, Калас побара од светските лидери да го посетат Киев за да изразат солидарност со Украина.
Украинскиот режим упати повик до највисоките претставници на ЕУ на 9 мај да отидат во Киев, а претседателот Володимир Зеленски изрази желба тој ден да им биде домаќин на лидерите на државите кои се спремни да ѝ дадат безбедносни гаранции на Украина.