понеделник, 23 јуни 2025

Белата куќа: Трамп не беше известен за украинскиот напад на Русија

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил однапред информиран за најновиот украински напад со беспилотни летала врз руските воени бази.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на Белата куќа, Каролајн Левит, одговорајќи на новинарски прашања за Украина, меѓу другото и зошто Трамп јавно не го коментирал украинскиот напад врз руските воздухопловни бази, во кој, според Киев, десетици борбени авиони се уништени или оштетени.

На прашањето дали украинскиот претседател Володимир Зеленски има „некои адути“, со оглед на тоа што Трамп во февруари за време на жестока дебата во Овалната соба тврдеше дека „Зеленски нема карти во свои раце“, Левит одговори: „Претседателот Трамп останува позитивен во врска со напредокот што го видовме“.

Таа додаде дека Трамп „ги поканил двајцата лидери да седнат и да разговараат“, по што, според неа, Русија ѝ предала мировен меморандум на Украина и двете страни се согласиле за размена на затвореници.

„Но, Трамп е исто така реалист. Тој е свесен дека станува збор за две земји кои се во војна веќе некое време – поради некомпетентноста и слабоста на неговиот претходник (претходниот американски претседател Џо Бајден)“, кажа Левит. „Тој работи напорно за окончување на овој конфликт“.

На прашањето дали Трамп ја одобрил одлуката на Украина да ги нападне руските бомбардери кои можат да носат нуклеарно оружје, Левит кажа: „Би сакала претседателот да даде лична изјава за тоа“.

Таа истакна дека Трамп не бил информиран однапред за нападите: „Тој не беше информиран“, кажа портпаролката.

Украина изврши напад врз руските бомбардери со долг дострел минатиот викенд. Властите во Киев тврдат дека биле погодени бази длабоко во внатрешноста на Русија – вклучувајќи ги оддалечени делови од Арктикот, Сибир и рускиот Далечен Исток, на повеќе од 7.000 километри од Украина, и дека повеќе десетици руски авиони биле уништени или оштетени во нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ