сабота, 21 јуни 2025
Драма на отварањето на серијата во финалето на НБА

Ново чудо на Индијана, ја шокираше Оклахома на 0,3 секунди до крајот (ВИДЕО)

Индијана ја шокираше Оклахома во првиот натпревар во финалто на НБА, со кош на Тајрис Халибартон на 0,3 секунди до крајот стигна до брејк и победа од 110-111.

Објавено на

часот

Сподели

Индијана се специјализираше за драматични завршница во плеј-офот, а така беше и на отворањето на серијата во финалето, „пејсерси“ утрово ја шокираа Оклахома, стигнаа до брејк во „Пејком Центар“ и поведе со 0-1.

Домаќините водеа практично во текот на целиот натпревар, по неколку минути игра во последната четвртина дури имаа и +15 (94-79).

На три минути до крајот, Индијана имаше негатива од девет поени, и само 3,6% шанси за победа, но сепак успеа да направи ново чудо.

Тајрис Халибартон покажа дека е ладен како шприцер кога се решава натпреварот и погоди шут за два на 0,3 секунди до крајот за 110-111, тоа беше и првото и единствено водство на гостите.

До вечерва, тимовите имаа учинок 0-182 кога губеле со 9 или повеќе поени во завршните 3 минути од натпревар во финалето на НБА од 1971 година наваму, а Индијана е првиот тим кој успеа да се радува на победа.

Шеј Гилџус Александер беше најефикасен на мечот со дури 38 поени, но тоа нема многу да му значи со оглед на тоа дека неговата Оклахома испушти победа.

Во составот на Индијана најефикасен беше Сиакам со 19 поени и 10 скокови, Халибартон иако беше херој на мечот, тој реализираше за него скромни 14 поени, но имаше и 10 скокови.

ФОТО: X/Indiana Pacers

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ