Оклахома во досегашниот дел од сезоната одигра осум натпревари, имаат само две победи, а и двете се над Лејкерс. Првата беше пред седум дена на свој терен, а сега беа подобри од нив и во Лос Анџелес.
Довчерашниот играч на Оклахома, Расел Вестбрук промаши шут за продолжение. Тој натпреварот го заврши о 27 поени, најефикасен кај Лејкерс беше Ентони Дејвис со 29 поени. Најдобар кај Оклахома беше Шај Гилџес Александер со 28 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Kk8bDSTuJ8M autoplay:0]
Резултати:
Детроит – Филаделфија 98:109
Атланта – Јута 98:116
Мајами – Бостон 78:95
Феникс – Хјустон 123:111
ЛА Лејкерс – Оклахома 104:107






