Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички овојпат не беше резултатски неизвесно како што се поголемиот број на дуели меѓу големите ривали. Денеска тимот од Аеродром имаше апсолутна доминација.
Во еден момент домаќинот поведе и со 36 поени разлика, 82-46, но закочи во финишот и Работнички успеа да ја намали високата негатива и да избегне уште посрамен пораз.
Крстевски со 18 и Робев со 16 поени беа најефикасни во составот на МЗТ Скопје, кај Работнички, Џексон Пол постигна 14 поени.
Останатите мечеви од шестото коло се играат викендов, овој дуел се одигра порано поради настап на МЗТ Скопје во АБА 2 лигата.






