петок, 1 мај 2026

Луд крај на мечот, Јокиќ ја загуби топката, па го спаси тимот со блокада (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ беше најдобар на теренот, а тој беше главен и во самиот финиш од мечот кога се решаваше победникот.
 
Денвер водеше со 93-91 и имаше напад, но на осум секунди до крајот Јокиќ ја загуби топката и Минесота тргна во контра за израмнување. Но кошаркарите на Денвер брзо се вратија и најпрво Бартон, а потоа Јокиќ поделија банани и го одбранија водството.
Јокиќ натпреварот го заврши со 26 поени и 19 скокови, втор стрелец на Денвер беше Морис со 16 поени, кај Минесота најдобар беше Бисли со 18 поен, Едвардс, Расел и Таунс постигнаа по 14.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=gVA4tADNJEY autoplay:0]
 
Резултати:
 
Вашингтон – Бостон 115:112
Детроит – Орландо 110:103
Њу Орлеанс – Њујорк 117:123
Индијана – Торонто 94:97
Филаделфија – Атланта 122:94
Чикаго – Јута 107:99
Мемфис – Мајами 103:129
Милвоки – Сан Антонио 93:102
Минесота – Денвер 91:93
Голден стејт – Оклахома 103:82
Феникс – Кливленд 101:92
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ