Ѕвездите на Лејкерс конечно почнаа да функционираат заедно, а резултат на тоа беше првата победа оваа сезона која не беше лесна. Благодарение на добрата последна четвртина го совладаа Мемфис со 121-118.
Најдобар на паркетот беше Морант од Мемфис со 40 поени и 10 скокови. Во составот на Лејкерс, Кармело Ентони постигна 28 поени, Дејвис имаше 22, Леброн 19, Вестбрук имаше 13 поени и 13 асистенции.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=U1uAj9s-f5s autoplay:0]
Голден стејт на крилјата на Стеф Кари го продолжи одличниот старт на сезоната, овој пат со 119-107 победија на гостувањето кај Сакраменто.
Кари беше лидер на тимот со 27 поени, 10 асистенции и седум скока, најдобар кај Сакраменто беше Барнс со 24 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=aOSRUPKK2jc autoplay:0]
Резултати:
Бруклин – Шарлот 95:111
Хјустон – Бостон 97:107
Њујорк – Орландо 104:110
Оклахома – Филаделфија 103:115
Сакраменто – Голден стејт 107:119
ЛА Лејкерс – Мемфис 121:181






