сабота, 2 мај 2026

Дончиќ преку тројца противници погоди тројка со звукот на сирената за победа на Далас! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Возбудлив натпревар во „Американ Ерлајнс Центар“, Лука Дончиќ имаше уште една ноќ за паметење. Далас на паузата против Бостон отиде со предност од 17 поени разлика, но гостите се вратија во продолжението од мечот и во финишот дури поведоа со 102:104.

Сепак, домаќините не дозволија изненадување, Порзингис лесно реализираше за два со офанзивен скок, за во последниот напад, Лука Дончиќ преку тројца противници да погоди тројка со звукот на сирената за триумф од 107:104.

Словенецот мечот го заврши со 33 поени, 9 скокови и 5 асистенции, сосема солиден беше и Порзингис со 21 поен и 7 скокови.

НБА резултати:

Мајами – Јута 118:115
Чикаго – Филаделфија 105:114
Далас – Бостон 107:104
Феникс – Атланта 121:117
Портланд – ЛА Лејкерс 105:90

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ