петок, 1 мај 2026

Дончиќ го предводеше Далас до победа во тексашкото дерби со Хјустон, Јокиќ се повреди (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Далас на крилјата на Лука Дончиќ дојде до триумф над ривалот Хјустон, Словенцот имаше свое шоу, беше најдобар на теренот, но имаше и неколку атрактивни потези со кои предизвика овации во публиката.
 
Дончиќ мечот го заврши со 26 поени и 14 скокови, Хардавеј и Було постигнаа по 16 поени, најдобар кај Хјустон беше Гордон со 22 поени.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=P56IzB5jGDM autoplay:0]
 
Никола Јокиќ поради повреда на коленото предвреме го заврши мечот на Денвер во Јута, одигра само 15 минути и за тој краток период беше најефикасен на мечот.
 
Јокиќ постигна 24 поени, втор стрелец во тимот на Денвер беше Бартон со 21, најдобри кај Јута беа Гобер со 23 поени и 16 скокови и Мичел со 22 поени.
 
Првите информамции за повредата на Јокиќ се дека таа не е сериозна и тој наскоро ќе се врати на теренот..
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=jdej8syri9c autoplay:0]
 
Резултати:
 
Њујорк – Филаделфија 112:99
Оклахома – Голден стејт 98:106
Далас – Хјустон 116:106
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 121:125
Јута – Денвер 122:110
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ