сабота, 2 мај 2026

Далас и Дончиќ го добија тексашкото дерби против Сан Антонио, пораз на Денвер од Мемфис (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сан Антонио и Далас одиграа неизвесна тексашка пресметка по која на крајот се радуваа гостите на победа од еден поен разлика.
 
Конечно и некој друг во Далас блесна, Брансон беше најдобар на теренот постигнувајќи 31 поен, имаше и 10 скокови, Дончиќ реализираше 23 поени, имаше и 12 скокови, 23 поени постигна и Хардавеј. Најдобар кај Сан Антонио беше Мареј со 23 пени, Весел постигна 21.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=qksXBRnZa10 autoplay:0]
 
Денвер загуби на гостувањето кај Мемфис со 108-106, Јокиќ беше најдобар на теренот, но на крајот ја доби улогата на трагичар. Промаши со звукот на сирената од добра позиција, имаш шанса да го одведе мечот во продолженија, но не успеа.
Србинот мечот го заврши со 31 поен и 11 скокови, Бартон постигна 26. Најдобар кај Мемфис беше Џексон со 22.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=_O3IBB88uhU autoplay:0]
 
Резултати: 
 
Кливленд – Портланд 107:104
Индијана – Њујорк 111:98
Орландо – Бостон 79:92
Филаделфија – Чикаго 103:98
Вашингтон – Торонто 100:109
Бруклин – Атланта 117:108
Мемфис – Денвер 108:106
Минесота – ЛА Клиперс 115:126
Сан Антонио – Далас 108:109
Голден стејт – Шарлот 114:92
Сакраменто – Њу Орлеанс 112:99
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ