Чикаго оваа сезона има сериозен тим со кој може далеку да стигне и тоа го покажува веднаш. Биковите синоќа одиграа уште една брилијантна партија.
Бостон Селтикс во текот на третата четвртина имаше водство од 19 поени разлика, а во последниот период влезе со +16 (103-87), но следуваа неверојатни 12 завршни минути кои Чикаго ги доби со 39-11 за конечна победа од 128-114.
ДеРоузен беше најдобар на паркетот со 37 поени, Лавин постигна 26, на Вучевиќ му недостасуваше една асистенција за трипл-дабл, поститигна 11 поени, имаше 10 скокови и 9 асистенции. Кај Бостон најефикасен беше Браун со 28 поени, Тејтум и Хорфорд реализираа по 20.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=mhEQWUAldAI autoplay:0]
Резултати:
Шарлот – Кливленд 110:113
Индијана – Сан Антонио 131:118
Филаделфија – Портланд 113:103
Атланта – Вашингтон 118:111
Бостон – Чикаго 114:128
Њујорк – Торонто 104:113
Мемфис – Денвер 106:97
Минесота – Орландо 97:115
ЛА Клиперс – Оклахома 99:94






