сабота, 21 јуни 2025

Клиника Жан Митрев официјален медицински партнер на Кошаркарската федерација на Македонија

Клиника „Жан Митрев“ и Кошаркарската федерација на Република Македонија потпишаа договор за официјална медицинска соработка за сезоната 2025–2026, со што клиниката станува официјален медицински партнер на македонските кошаркарски репрезентации.

Објавено на

часот

Сподели

Предмет на оваа стратешка соработка е обезбедување на професионална здравствена грижа, редовни дијагностички и специјалистички прегледи, спортска медицина за сите селекции под капата на КФСМсениорската машка и женска репрезентација, како и за младинските репрезентации (М16-М20) машки и женски на возраст од 12 до 20 години кои ќе настапуваат на европските првенства во рамки на сезоната.

Нашата мисија отсекогаш била да вложуваме во здравјето и квалитетот на животот. Поддршката на спортот, особено на кошарката која обединува и инспирира генерации, е природно продолжение на таа мисија. Оваа поддршка е одраз на нашата верба во младите, во нивниот потенцијал и во потребата од силни, здрави и мотивирани идни лидери. Уверени сме дека преку ова партнерство ќе придонесеме за унапредување на спортските достигнувања и, уште поважно, за негова поширока афирмација меѓу младите, а нашата експертиза станува дел од успехот на националните репрезентации. Здравјето на спортистите мора да биде приоритет, а ние сме тука да го гарантираме тоа“, изјави д-р Жан Митрев, основач на клиниката.

Оваа соработка претставува важен исчекор за КФСМ, обезбедувајќи системска, квалитетна и навремена медицинска грижа за сите категории на кошаркари кои настапуваат под државното знаме.

„Професионалната спортска медицина е клучен фактор за врвни резултати. Благодарение на ова партнерство со клиниката ‘Жан Митрев’, нашите репрезентативци добиваат врвна здравствена поддршка, дијагностика, консултации и континуирана грижа. Веруваме дека ова е модел на соработка кој ќе ја подигне грижата за спортистите на ново, европско ниво“, изјави Томе Главчев, претседател на КФСМ.

Со овој договор, клиниката не само што станува медицински партнер, туку и симбол на поддршка за македонскиот спорт, градејќи мост помеѓу врвната медицина и врвните спортски напори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ