четврток, 22 мај 2025
Натпреварот имаше и спектакуларен крај

Хаос на меч во НБА: Харден тргна да се тепа со Браун, Јокиќ и Гордон (ВИДЕО)

Бурно беше на натпреварот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс, имаше инцидент кој може да прерасне во голема масовна тепачка доколку не го спречеја потрезвените на теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Се почна со фаул од Браун над Харден. Ѕвездата на Клиперс бурно реагираше на прекршокот направен врз него, па тргна да се тепа со противничкиот кошаркар.

Се вмешаа и другите кошаркари на Денвер, па Харден ги нападна и големите Јокиќ и Гордон кој особено збесна. Реагираше Зубац и спречи поголем инцидент.

Мечот имаше и спектакуларен крај, при резултат 99-99, Денвер го имаше последниот напад, Јокиќ промаши, но Гордон заби со звукот на сирената и донесе победа за неговиот тим и израмнување на 2-2 во серијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ