петок, 24 април 2026

Спинацола потврди, ќе биде на Вембли со репрезентацијата на Италија

Објавено на

часот

Сподели

Финалето меѓу Англија и Италија се игра утре со почето од 21 часот, а присутен на Вембли ќе биде и Спинацола.
 
Тој беше можеби најдобриот италијански фудбалер на Европското првенство додека не се повреди на мечот со Белгија.
 
Веднаш му беше направена операција во Финска и тој најмалку шест месеци ќе биде во аут, но ќе биде присутен на Вембели.
 
„Утре ќе бидам во Лондон заедно со моите соиграчи“, рече Спинацола.
 
„Неизмерно е возбудливо, момците ми приредија неверојатна вечер кога се пласириаа во финалето. Ние сме одличен тим и навистина сме како фамилија“.
 
Инсиње го облече дресот на Спинацола по победата над Шпанија.
 
„Малку му беше голем, но тоа беше убав гест. Имавме видео разговор по мечот, зборував со сите“.
 
„Ќе бидам на трибините на финалето, ќе навивим со моите патерици. Доколку Италија победи, ќе скокам и ќе славам со сите. Сопругата му вели да бидам внимателен, па се надевам дека ќе скокам само на една нога“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ